Фотографиите и спецификациите од претстојната GoPro Hero 10 Black камера неодамна се појавиле на Интернет.
Новата најдобра GoPro камера ќе изгледа прилично како и минатогодишниот модел, но ќе има посилен GP2 процесор, кој би требало да ги унапреди перформансите за снимање на 5,3К видеа при 60fps, односно 4К видеа при 120fps. Тоа значи дека дојде до подобрување со 4К60 на 5К30 во однос на минатата година.
Hero 10 Black може да снима 2,7К видео при 240fps, а резолуцијата на новиот сензор е зголемена од 20 на 23MP.
Исто така подобрена е и софтверската стабилизација на поголемо ниво Hyper Smooth 4.0 и Time Warp 3.0 за тајм-лапс видеа. Од минатиот модел преземено е куќиштето за отпорност на вода до 110 метри, сензорот за допир и гласовните контроли како и предниот и задниот екран.
Засега нема информација за цената, а сѐ уште актуелниот модел Hero 9 Black чини 399.99 долари.