Ќерката на славниот глумец објави досега невидени фотографии за нејзиниот роденден, а тој е речиси непрепознатлив!

Точка

17/08/2021

15:04

6.714

Големина на фонт

а а а

Румер Вилис денес го прослави својот 33 роденден и сподели невидени фотографии од своето детство. "Како започна...", напишала таа.

Низ осум фотографии покажа како изгледала од своето раѓање во 1988 година сѐ до моментот кога веќе порасна во убаво девојче.

Сподели фотографии на кои позира со родителите, Брус Вилис и Деми Мур. На една од нив, Брус имал коса, мустаќи и брада и ја држи ќеркичата во својата прегратка.


Притоа објави сегашни фотографии: "Досега 33-ката е прилично магична".

Деми Мур за роденденот на својата ќерка објави фотографија на која била бебе.

"Го "здрма" мојот свет кога се роди. Се држеше до распоредот и пристигна на време. Спремна за живот, љубов и учење. Беше прекрасно бебе и израсна во неверојатна извонредна млада жена. Благодарна сум што ме избра да ти бидам мајка".

Румер е најстарото дете на Брус и Деми од бракот кој траел 11 години. Парот има уште две ќерки, Скаут и Талула. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг