Анкета на НДИ: Економската ситуација најголем проблем во Македонија

Нетпрес

13/08/2021

11:14

1.529

Големина на фонт

а а а

Граѓаните во Македонија како најголем проблем ја посочуваат економската ситуација во државата во анкетата на Националниот демократски институт (НДИ) од САД. За ова се изјасниле 20 отсто од испитаниците на анкетата.

Како втор проблем се посочува вработувањето, односно креирањето на нова работа, за што се изјасниле 17 проценти. Потоа следат здравјето 11 отсто и Ковид-19 10 проценти.

Истражувањето е спроведено телефонски во март оваа година.Оттогаш во Македонија се случи повторниот бран на корона, немањето на вакцини па за очекување е поддршката за власта да се намалува.

И како капак на се ги имаме пожарите, каде власта во недостиг на опрема и кадар беше принудена да бара помош од неколку земји.

НДИ од САД важи за близок до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.