Снимки со дрон: Блиски средби помеѓу луѓе и ајкули во Сиднеј

Точка

06/08/2021

11:31

3.818

Големина на фонт

а а а

Секој ден пред изгрејсонце, Австралијанецот Џејсон Игледен го снима морскиот живот на плажата Бонди во Сиднеј, а често во кадар ја забележува блиската средба на луѓето и ајкулите.

Игледен е исклучително популарен на Интернет по своите видеа од ајкули кои ги снима со дрон. Тој тврди дека неговите снимки им помагаат на луѓето помалку да се плашат од ајкулите.

Покрај ајкули, Џејсон често снима и китови, а на плажа е секој ден 20 минути пред изгрејсонце. Луѓето често не се свесни на присуството на морските животни, особено ајкулите. На едно од видеата се гледаат група на пливачи, додека во нивна близина плива ајкула, но тие воопшто не се свесни за нивната блискост.

"Кога ја видов ајкулата за првпат, помислив дека треба да ги извлечам луѓето од вода. Меѓутоа, како што поминуваше времето, мојата перцепција за ајкулата се промени, посебно во случајот "grey nurse" ајкула која често ја гледаме на плажата Бонди околу сурферите и пливачите. Тие ајкули воопшто не покажуваат интерес за луѓе. Сега ја подигнуваме свеста за да можеме заедно да живееме со нив", изјавил Игледен.

Во Сиднеј немало смртоносен напад од ајкула од 1963 година, но усмртиле вкупно 24 лица во Австралија во последните 10 години.


"Имам видено бели ајкули на 50 метри од пливачите. Имам мегафон да ги предупредам. Тие во тој случај сметаат дека е сѐ во ред и остануваат во морето. Меѓтуоа, штом ја спомнам големата бела ајкула, тие веднаш излегуваат. Во такви ситуации ги повикувам спасувачите", додал Игледен.