Дојче Веле: По пожарите расте притисокот за одговорност, институциите си ја префрлаат топката едни на други

Точка

03/08/2021

19:55

4.751

Големина на фонт

а а а

Пожарите коишто ја пустошат Северна Македонија ги извадија на површина сите слабости на системот за брза интервенција и спречувањето на катастрофалните последици од огнената стихија.

Земјата има ер трактори за гаснење пожари, ама исто како да ги нема. Во екот на летните горештини, тие веќе две години се приземјени во хангарите и чекаат сервисирање за да полетаат. Пожарникарите имаат возила, ама некои од нив дотраени и со работен век од 30-тина години. Често се оставени огнот да го гасат „со голи раце“, на тешки и непристапни предели, со застарени теренски возила и ограничени ресурси. Средства за обнова на пожарникарскиот возен парк тешко се обезбедуваат. И се чини, еден од најкомплексните проблеми коишто се појавуваат при секоја вонредна ситуација е тромавоста на институциите - често додека се издаде наредба и се координираат работите на терен, може да биде предоцна за да се спречи катастрофа.

Ден по огнените стихии во Кочани, Кумановско, Битола и на уште десетина жаришта во земјата, се бараат одговори, но и одговорност.


Фото: Сведоштво за големата опасност на Кочани низ фотографии

Проблемите кои со години назад се провлекуваат низ институциите влеваат страв и недоверба кај граѓаните. Ден по огнените стихии во Кочани, Кумановско, Битола и на уште десетина жаришта во земјата, се бараат одговори, но и одговорност за пламените јазици коишто уништија домови, пеплосаа возила и добиток и нанесоа огромна штета на шумските површини и нивите. Кога е во прашање одговорноста, сите институции си ја префрлаат топката еден на друг.

Кој е одговорен?

Дирекцијата за заштита и спасување синоќа се мобилизираше за гаснење на неколку пожари коишто беснеат во Северна Македонија и се закануват да се спуштат до населените места. Директорот Беким Максути за ДВ вчера изјави била неопходна брза реакција на институциите. И покрај административните и кадровските проблеми со кои се соочиле поради празникот, тој вели дека биле содадени тимови од повеќе градови да се упатат кон Кочани и да им помогнат на жителите во ноќната борба за спас на нивните домови.

Но, зошто авионите за гаснење на пожарите не се никогаш функционални кога треба да се реагира? Ова е првото прашање коешто се наметна во јавноста по апелите на жителите на Кочани да се испрати воздушна поддршка за справување со огнот, кој ветерот брзо го ширеше кон градот. Здруженија повикуваат на одговорност од Максути, затоа што авионите за гасење пожари две години не биле одржувани во функционална состојба. Тој тврди дека во наскоро време ќе се реши проблемот со сервисирањето на авионите, по што едниот од нив веќе во октомври би можел да биде функционален.


На прашањето зошто се изгубило толку време за избор на некој од шесте оператори колку што се вкупно во Европа, за сервисирање на овие летала, Максути вели дека проблемот искрснал кога некои од нив повеќекратно ја зголемиле цената за услугата дури за 40%, па истата стигнала до околу милион евра за трите ер трактори.

Премиерот Зоран Заев синоќа најави дека и Владата ќе се ангажира за што поскоро да се реши проблемот. Дотогаш соседните земји најавија дека ќе испратат свои авиони, со цел да се помогне во справувањето со огнот. Изминативе денови, товарот од гаснењето на големите пламени јазици падна на припадниците на АРМ, пожарникарите и локалното население, а беа вклучени и три армиски хеликоптери во спасувањето на населените места. 

Прочитајте повеќе на Дојче Веле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг