Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола. На одделни места во близина на селото Тркање од рано изутринава сѐ уште се забележува чад од огнот што зафати шумски појас и нискостеблеста вегетација во пречник од десетина километри.
Утрото е попаметно од ноќта е стара народна поговорка, па така утринскиве фотографии на вистинскиот пожртвуван команднат и херој на цивилното население Николчо Гоцев и активен учесник во гаснењето на пожарот, најсликовито го претставуваат она што се случуваше вчера и каква апокалипса можеше да се случи.