Трите авиони за гаснење на пожари во државава не смеат да полетаат бидејќи не се сервисирани, првиот ќе полета во октомври

Точка

03/08/2021

09:11

5.959

Големина на фонт

а а а

Авионите за гаснење на пожари „ер трактори“, среде топлотен бран и додека горат десетици пожари низ Македонија, не смеат да полетаат затоа што сè уште не почнале да се сервисираат. Трите авиони од минатата година не се извадени од хангарите затоа што не се сервисирани.

Активни пожари има во Старо Нагоричане, Македонски Брод, Кумановско и Валандово, но најстрашна е ситуацијата во Кочани, каде синоќа гореа и куќи, а небото беше црвено од огнот.

Ако пред еден месец се чекаше повторно да падне тендерот за добавувач-сервисер, за Бирото за јавни набавки да дозволи тој да се најде со директно преговарање, сега се чека да дојдат понудувачите.

Но, првиот сервисиран авион ќе може да биде ставен во функција за 40 до 45 дена, што значи октомври, а во тој дел од годината вообичаено нема пожари.

„Поканет е сервисерот минатата недела, чекаме да дојде неделава. Но, за сервисирање на еден авион за гаснење пожари потребни се од 40 до 45 дена, сосе подготовките да полета и да се стави во функција. Жалам што ‘ер тракторите’ што ги начекав несервисирани, поминале приземјени многу пожари и сезони на пожари“, изјави за СДК директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Беким Максути.

За сервисирањето на авионите за гаснење пожари, синоќа во Кочани зборуваше и премиерот Зоран Заев.

„’Канадерите’ се приземјени. Владата ќе се обиде да донесе одлука за брза набавка на сервисирање од Хрватска. Уште утре тоа ќе го направиме за да се избегнат сите тие бавни постапки по јавни набавки, затоа што сега го имаме основот, согласно законот, кога треба брзо да се делува и верувам дека и Бирото за јавни набавки, со одлука на Влада доколку е потребно, ќе направиме брзо интервенција за сервисирање, односно одржување, со што ќе се отклони причината за нивното приземјување и ќе се дозволи да може да полетаат ‘канадерите’ кои без вакво сервисирање никој не дозволува, ниту треба да полетаат, бидејќи ќе загрозат човечки животи“, кажа синоќа Заев.

Целосниот текст прочитајте го на СДК.МК.




Спонзорирани линкови

Маркетинг