Блажевиќ со стара поговорка ја поздрави балканската јавност која го најавува баражот меѓу Динамо и Звезда

Дерби

03/08/2021

14:26

2.244

Големина на фонт

а а а

Потенцијалниот дуел меѓу Динамо Загреб и Црвена Звезда во бараж колото за влез во Лигата на шампионите стана топ тема на Балканот во изминатите 24 часа, но додека голем број легенди веќе со нетрпение го очекуваат и го најавуваат овој двомеч, неповотрливиот Ќиро Блажевиќ излезе со една претпазлива изјава.

Понесен од своето долгогодишно фудбалско искуство, Ќиро порача дека во овој спорт ништо не може да се земе здраво за готово, особено во ситуација кога двата тима допрва треба да ја одработат задачата на теренот и да го победат следниот ривал пред да дојдат до толку посакуваната балканска пресметка.

– Рано е сине да се говори за двомечот, треба прво да дојдеме до тој бараж двомеч. Јас сум многу искусен и го познавам фудбалот. Прво треба да се скокне, па да се каже оп, – вели Блажевиќ во интеврјуто за „Спортски журнал“.

– Знам дека сите очекуваат да дојде до тој дуел и јас искрено се надевам дека ќе биде така. Ако на крајот дојде до тоа, сакам да се покаже спортска култура и чесност на теренот.

– Ако ја одработата својата работа, ќе дојдам во Белград. Па тоа ќе биде спектакл, двата меча. Јас ги сакам луѓето во Белград и се надевам дека ќе се видиме за скоро, – потенцира Ќиро.

За да дојде до таканаречената „балканска фудаблска војна“, Динамо во претстојното квалификациско коло треба да ја елиминира Легија, а Звезда треба да биде подобра од Шериф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг