Таа е стара колку неговата ќерка, но тој не се огласува поради критиките од јавноста: Шон Пен ужива во прегратките на неговата избраничка

Точка

02/08/2021

20:04

5.722

Големина на фонт

а а а

Јасно на сите им дале до знаење дека разликата од три децении не им пречи.

Холивудскиот актер Шон Пен (60) кон средината на минатата година се венчал со помладата колешка Лејла Џорџ (28) со која бил во врска од 2016 година.


Судејќи по новите фотографии, актерот ужива во нивната врска.

Тој не се огласува поради критиките на сметка на нивната разлика во годините, со оглед на тоа што Лејла е само неколку месеци помлада од неговата ќерка Дилан.

Тие биле фотографирани во Лос Анџелес додека шетале, а константно се држеле за рацете, па така на сите им дале до знаење дека разликата во годините воопшто не им пречи.


Кога ја започнале љубовната врска, сите биле против тоа и никој не можел да замисли дека тоа ќе потрае, но сепак тие денес се во брак и уживаат во истиот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг