Белорусија на сила враќа атлетичарка дома, таа бара помош од ИОЦ

Макфакс

01/08/2021

17:59

6.909

Големина на фонт

а а а

Белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја, која го критикуваше сопствениот олимписки комитет за недостаток на допинг-тестови и одлуката да ја префрлат во штафетна трка, бара азил на аеродромот во Токио откако белоруските власти решија да ја вратат дома.

Тимановскаја се побунила што е поставена во 4х400 метри штафетата откако наводно се пожалила дека трите белоруски тркачки Марија Жодик, Ана Михаилова и Кристина Муљарчик не допатувале во Токио бидејќи немало доволно допинг-тестови. По ова, две официјални лица од белоруската делегација ја прателе на аеродромот во Токио да ја вратат дома.

„Дознав дека ќе трчам и на трета трка на Олимпијадата, штафетат ана 4х400 метри. Нашите ‘многу кул’ шефови ги решаваат сите работи за нас. Направија проблем со девојките кои не можеа да дојдат во Токио бидејќи немаат доволно допинг-тестови. Браво“, изјави Тимановскаја на аеродромот.

Според белорускиот политичар, Павел Латушка, Тимановскаја сакаат на сила да ја вратат во Белорусија за обично израување на мислење. Тој додаде дека таа е под заштита на јапонската полиција. Други белоруски противници на претседателот Александер Лукашенко, пак, објавија дека таа побарала азил во некоја европска земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг