Совршен спој на елеганција и спортски стил во режија на Ана Ивановиќ

Точка

31/07/2021

11:03

4.412

Големина на фонт

а а а

Доколку ви недостасуваат идеи за денешниот избор на гардероба, може да ја изберете оваа комбинација од Ана Ивановиќ.

Некогашната најдобра тенисерка на светот и една од најубавите спортистки, Ана Ивановиќ, на најубав начин ги комбинира летните трендови.

Нејзиниот стил ја следи елеганцијата, па за секоја прилика бира одлични модни парчиња. Класиката исто така таа ја обожува.

Таа повторно со дневната модна комбинација успеала да ги воодушеви сите.

Избрала да носи фустан-кошула со миди должина, а тоа модно парче е омилено на многу од жените.

Иако често ја гледаме во високи потпетици, сепак Ана за оваа прилика избрала да носи бели патики со кои го постигнала едноставниот дневен изглед.

Дали ви се допаѓа?



Спонзорирани линкови

Маркетинг