Си го исполни сонот! Тамара Тодевска одржа концерт за паметење - еве дел од атмосферата, а погледнете и кој сè се најде во публика

Точка

30/07/2021

12:11

11.592

Големина на фонт

а а а

Тамара Тодевска вчеравечер со многу емоции и енергија која несебично ја сподели со публиката, одржа концерт под отворено небо на охридскиот Антички театар.

„Го сакам ова место, од дете сонувам да пеам овде“, откри Тамара на почетокот.

Ова не беше единствената 'тајна' која ја откри во текот на вечерта. Многу нејзини лични приказни следеа помеѓу песните. „Немирна“ ја инспирираше да раскаже една од нив.

„Кога бев мала, бев многу немирна. Прво бев развигорче, па ветер, па кога бев тинејџерка бев бура, и пред да станам цунами... Се појави Мачка - дофрли некој од пријателите од публиката, мислејќи на нејзиниот сопруг Александар Димитровски. „Се појави Мачка. Мачка се прави ѕвезда, го окупира купатилото, две деца вриштат дома, јас си редам евергрини. Јас сум многу среќна“, рече Тамара низ насмевка.

Тодевска го преполни Античкиот театар во Охрид, а во публиката беше целото нејзино семејство. Децата Хана и Дарен внимателно го следеле концерот речиси до самиот крај. Од Белград дојде и нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ, со нејзиниот син Вук и со таткото на пејачките, Велко Тодевски.


Катарина Ивановска, една од најблиските пријателки на Тамара, на концертот дојде со кошаркарот и претседателот на КФМ, Перо Антиќ. Изминативе месеци, домашните медиуми објавуваа дека Катарина и Антиќ се во врска, но и двајцата не ги коментираа написите, освен што Катарина даде куса изјава за „Бекстејџ“ дека се среќни заедно.

И Антиќ е близок пријател со Тамара, но и со нејзиниот сопруг Александар Димитровски – Мачка. Перо на концертот го прослави својот роденден, а Тамара му го честиташе и го поздрави од сцената.


Инаку, пред настапот на Тодевска, настапи младата Лара Иванова, која беше специјален гостин на концертот. Иванова во живо ги испеа своите песни и ја 'подгреа' атмосферата пред самиот почеток на концертот.

Интересен момент кој го забележале колегите новинари е оној кога Иванова ја најавува Тамара, а Хана од вториот ред во публиката извикува „Тоа е мајка ми“.

Тодевска утрово на својот Инстаграм профил објави колаж со фотографии и видео од вчерашниот спектакуларен концерт и кратко напиша:

„Охрид, уживав“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг