Време на солидарност: Хирург објавил фотографија со пациент и две кокошки во рацете, а приказната зад истата ќе ве трогне

Точка

29/07/2021

14:30

6.348

Големина на фонт

а а а

Во денешно време, богатите од ден во ден стануваат сѐ побогати, а сиромашните повеќе немаат ниту за основните човечки потреби.

Дури и некогашната средна класа често едвај спојува крај со крај и не може да си го овозможи она што го можеле некои претходни генерации. И малкумина од нас можат нешто да преземат по тоа прашање, но затоа никој не нѝ забранува да имаме добра и чиста душа.

А дека тоа вреди многу повеќе од пари, сведочат и овие фотографии настанати пред неколку дена во Боливија. Истите ги објавил хирургот Алваро Рамало Замора, кој му ја оперирал простатата на еден неименуван постар човек.

Un día como hoy hace 11 años, murió mi padre lo que me recordó cómo hace 40 años en Tarija habían pacientes que te...

Posted by Alvaro Ramallo Zamora on Saturday, July 24, 2021

Кутриот маж со загрозено здравје немал средства да ја плати операцијата, но потребните пари за зафатот ги донирало едно здружение.

Токму Замора бил тој кој го замолил здружението „José Ramallo Guillen“ да се „вмеша“ во случајот, па иако благодарение на тоа, старецот немал апсолутно никакви финансиски обврски, сеедно не сакал да остане должен. На хирургот му го донел сето она што го имал и што можел да го донесе - две кокошки. На тој начин му се заблагодарил.


Хирургот останал трогнат од тој негов гест, бидејќи се присетил на својот покоен татко и некогашен лекар кој исто така некогаш им помагал на лица со скромни примања.

Целиот случај трогна голем број луѓе ширум земјата, па така еден карикатурист им посветил и цртеж со наслов: Време на солидарност!

Tiempos de solidaridad...

#theluiguicabrera

Posted by Isac Tejerina on Tuesday, July 27, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг