Заврши четвртото издание на Beach Film Festival, доделени филмските награди

Точка

28/07/2021

14:50

3.412

Големина на фонт

а а а

Заврши четвртото издание на Beach Film Festival кој годинава се одржа на плажата Горица 3, Охрид, но и уште на две локации во градот: бродот Армада и Музејско-културниот ценатр Лапидариум каде што имаше проекции на кратки студентски филмови.

Фестивалот траеше 5 дена од 21-25 јули и во неговата програма посетителите имаа можност да видат низа долгометражни и краткометражни европски филмови. И покрај промената на локацијата, атмосферата со која се одликува овој фестивал остана доследна, а посетителите уживаа во филмские проекции во друштво на брановите, под ѕвездите.


(Ана Василевска, Сергеј Трифуновиќ и Елеонора Венинова)

Жирито на овогодинешниот фестивал, во состав на Ана Василевска (филмски теоретичар), Елеонора Венинова (режисерка, сценаристка) и Сергеј Трифуновиќ (глумец) на затварањето на фестивалот ги доделија следните награди: Наградата Голем бран за најдобар долгометражен филм ја доби филмот “Moon, 66 Questions” на режисерката Jacqueline Lentzou, наградата Мал бран за најдобар краткометражен филм ја доби филмот “Pipo &Blind Love”, наградата Стефан Сидовски Сидо за најдобро актерско остварување ја доби Sofia Kokkali (Moon, 66 Questions) и Special Mention за најдобар студентски краток филм ја доби филмот Duduk (Whistle).


(Сергеј Сарчевски и Милена Витман)

Покрај Официјалната селекција на филмови од категориите долгометражни, краткометражни и студентски краткометражни филмови на програмата се најдоа и Специјални проекции на документарни, анимирани и долгометражни филмови. Оваа година, како и сите претходни фестивалски изданија, се затвори со македонски филм. Тоа беше филмот „Homo“ на режисерот Игор Иванов Изи. Посетителите исто така можеа да проследат Q&A со дел од гостите на овој фестивал, режисери, продуценти.

Во склоп на фестивалот се одржаа и две дводвневни работилници една за филмска шминка под менторство на Ирена Сенокозлиоска и работилница за филмска критика предводена од Ана Василевска.


(Ана Опачиќ и Бојан Лазаревски, директор на Агенција за филм)

Фестивалот истакнува особена благодарност до Агенција за Филм, Општина Охрид, Europe House Skopje и European Film Challenge, како и на сите останати поддржувачи и помагачи во реализацијата на овој петдневен настан.


(Бојан Лазаревски, директор на Агенција за филм)


(Сашко Потер Мицевски)


(Емили)





Спонзорирани линкови

Маркетинг