За спектакуларното светлосно шоу на Олимпијадата во Токио биле употребени 1.824 дронови

Точка

26/07/2021

14:51

13.055

Големина на фонт

а а а

Иако немаше многу публика на стадионот, церемонијата за отварањето на Олимписките игри во Токио беше навистина спектакуларна.

Церемонијата траеше неколку часа, а дел од неа беше и светлосното шоу за кое биле искористени 1.824 дронови.

Дроновите биле искористени со цел логото на Олимписките игри да биде претворено во ротирачки глобус.


На сличен начин дроновите биле користени и претходно, на пример кога за Супер Боул во 2017 година 300 дронови го формираа американското знаме.

Сепак, технички, бројот на дронови во Токио не е рекорден, бидејќи таа титула му припаѓа на автомобилскиот бренд Хјундаи Генесис. Во Шангај, Кина за тоа светлосно шоу бил употребен 3.281 дрон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг