(Видео) Апасиев со закана до Џафери: Ако сакате инциденти, ќе има инциденти! Ако ги нема амандманите на Левица, повикајте обезбедување

Точка

22/07/2021

14:57

9.421

Големина на фонт

а а а

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, на денешната собраниска седница реагираше дека спикерот Џафери со кршење на Уставот одбил да ги прими амандманите на Левица. Тој од говорницата се обрати по повод носењето на Законот за државјанство со "европско знаменце".

"Во дописот од Влада, претставник е Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, а не Бојан Маричиќ, министер за правда. Ингеренциите на предлагачот не се тие, оттука, бидејќи немаме предлагач, точката треба да се симне од дневен ред и не можете да ја гласате. Тоа е нешто што е помалку важно", кажа Апасиев на почетокот на своето обраќање.

Тој потоа му кажа на Џафери дека ќе има инциденти во иднина поради фрлањето во корпа на амандманите на Левица.

"Согласно членот 150 амандманите кои ги предлагаат пратениците, што е мое уставно право, ги доставуваме до архива. Според членот 152 вели дека претседателот на Собранието веднаш ги доставува амандманите до пратениците и до работното тело. Тоа што вие го имате направено е службеничката архиварка да ве праша дали да ги прими. Тоа е спротивно на секој постоечки закон", рече Апасиев и кажа дека доколку граѓанин донесе тоалетна хартија на која пишува "барање" таа е должна да го прими, а не да го прашува Џафери дали да го направи тоа.

"Во 14 часот е закажана Комисија за политички систем. Имаме поднесено 1.500 или 1.800 амандмани. Сме ги поднесувале грижливо, точно согласно со деловникот. Известени сме дека не се проследени. Се обидете ли да направите шверцерат, ви кажувам, пратете обезбедување таму, бидејќи ќе ја правиме големата магија. Во 14 часот пратете обезбедување бидејќи Комисија нема да има. Кога барате бал, ќе добиете маскенбал", рече Апасиев и додаде:

"Не може само за великоалбанскиот шофинизам да има право на амандмани во ова Собрание. Не може. Не може за Алијанса и Алтернатива да има, а Левица да нема право на амандмани".



Спонзорирани линкови

Маркетинг