Научниците потврдија: Вакцините Фајзер и АстраЗенека се ефикасни и против делта сојот на корнавирусот, но само во овој случај

Точка

22/07/2021

22:23

10.235

Големина на фонт

а а а

Една доза дава процент на заштита од само 36 отсто во случај на вакцината Фајзер, односно 30 отсто во случај на вакцината АстраЗенека.

Две дози од вакцините против Ковид-19 на производителите Фајзер или АстраЗенека се речиси еднакво ефикасни против делта сојот на коронавирусот, како и против алфа сојот на коронавирусот врз основа на истражувањето кое било направено и објавено во „New England Journal of Medicine“.


Како што истакнале научниците, една доза од вакцините не е доволна за заштита од делта сојот на коронавирусот кој моментално доминира во светот.

Имено, една доза има процент на ефикасност од 36 кај вакцината Фајзер, односно 30 отсто кај АстраЗенека.

Но, двете дози на Фајзер во 88 отсто од случаите спречуваат развој на симптоми на болеста по зараза со делта сојот. За споредба, во случај на зараза со алфа сојот процентот на заштита е речиси 93 отсто.

Две дози од вакцината на АстраЗенека пак имаат ефикасност од 67 отсто во случај на делта сојот, односно 74,5 отсто во случај на алфа сојот на коронавирусот.

Заклучок: Според истражувањето - само доколку луѓето ги примиле и двете дози од вакцините АстраЗенека и Фајзер, истите се заштитени од делта сојот на коронавирусот (во процентите изразени во претходно наведените податоци).


„Нашето откритие за помала ефикасност по првата доза на вакцините треба да послужи како потсетување за напорите за целосна вакцинација со двете дози меѓу ранливите групи на граѓани во контекст на циркулацијата на делта сојот на коронавирусот“, истакнуваат авторите на крајот од истражувањето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг