Модриот патлиџан е многу интересен и деликатен зеленчук, чија употреба во кујната може да биде безгранична.
Луѓето сакаат да го подготвуваат на многу начини - полнет, запечен во рерна, пржен или похован.
Патлиџанот има благ и неутрален вкус и е одлична замена за месо, па често се користи во пита, мусака, вегански лазањи.
Похованиот модар патлиџан е храна богата со вкус, па освен што е одличен прилог, може да биде и целосен оброк.
Состојки:
- 1кг. модар патлиџан
- 4 јајца
- 150гр. брашно
- 1 лажица сол
- 500мл. масло
- босилек за декорација
- 500гр. кашкавал за декорација
- 1 лажица сос од домати за декорација
- сол, бибер по вкус
Подготовка:
Модриот патлиџан пресечете го на прстени со дебелина од 1 сантиметар и посолете. Измијте го патлиџанот, за да ја отстраните евентуалната горчина, а потоа избришете го.
Изматете ги јајцата и солта, а во друг сад ставете го брашното.
Во тава ставете масло и оставете да се загрее на тивок оган. Прстените од модар патлиџан прво потопете ги во брашно, па во јајцата, а потоа ставете ги во тава да се испржат додека не поруменат.
Похованиот модар патлиџан ставете го во голем сад, па декорирајте го со сос од домати и ставете босилек и кашкавал.
Храната послужете ја топла со сезонска салата.
На здравје!