На овогодишниот Кански фестивал, на црвениот тепих прошетаа многу познати дами, а меѓу нив била и српската инфлуенсерка, Тамара Калиниќ, која сите ги воодушевила со скапоцената тоалета.
И покрај тоа што многу дами се труделе да се издвојат во масата, определувајќи се за екстравагантни фустани како оние кои ги носеа Бела Хадид, па Марион Котијар, Тамара Калиниќ се одлучила за класичен модел во вистинска летна боја.

Имено, таа носела долга жолта тоалета, а поради интересното врзувањето околу вратот, пожелно било да ја собере косата, па Тамара се одлучила за раскошна висока пунџа.

Минималната шминка и скапоцените обетки биле доволни за заокружување на целиот стајлинг на најдобар можен начин.









