Столе Димитриевски за Точка ТВ: „Никогаш не излегла на виделина хемијата и респектот што го имаме ние играчите меѓу себе“

Точка

15/07/2021

21:55

2.463

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски - името кое го благословувавме после секоја одбрана на потенцијален гол од спротивната екипа на Европското првенство.

Голманот на македонската фудбалска репрезентација минатата недела беше во просториите на Точка.

Забавен, шармантен, харизматичен, позитивен и многу искрен - таков е приватно голманот Димитриевски.

Столе 10 години живее во Шпанија, а и по неговото зборување може да се забележи тој интересен шпански нагласок. Во моментов е во Македонија, поточно, во родното Куманово, каде слободното време го поминува со семејството.

Во интервјуто за Точка, голманот на македонската фудбалска репрезентација нѝ откри многу интересни детали од неговиот живот.

Освен што зборувавме за почетокот на неговата фудбалска кариера, за Европското првенство, за репрезентација која го разочарала на првенството, со Димитриевски зборувавме и за неговиот приватен живот, за кој малку се знае.

Ни ја откри дестинацијата која сака да ја посети, спомена за разликите од живеењето во Македонија и Шпанија, за неговото слободно време, за семејството, а нѝ откри и како го опишуваат пријателите.

Инстаграм екипата на @tockagram нѝ испрати многу прашања за Столе, а ние ги одбравме шесте најзабавни.

Дознајте на кој фудбалер сака да му брани пенал, кое е најромантичното место на кое бил, со кој фудбалер е најблизок, на што има потрошено најмногу пари...

Голманот кој точно ја прогнозираше победата на Италија на Европското првенство - на денешното 'Точка мени'.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk