Буфон даде прогноза и посочи што ќе биде клучно во финалето на ЕП

Дерби

11/07/2021

15:34

3.171

Големина на фонт

а а а

Фудбалот вечерва ќе биде спорт број еден во Европа и поширико низ светот, а причината за тоа е финалето на 16. Европско првенство меѓу Англија и Италија.

Средбата се игра од 21 часот на „Вембли“, а како најава за истата видовме многу коментари, анализи, прогнози за тоа што може да се случи, каков ќе биде резултатот, кој ќе биде шампион.

Од свој агол сега коментар даде легендарниот Џанлуџи Буфон кој верува дека неговите сонародници предводени од Роберто Манчини ќе дојдат до големиот трофеј.

-Ова е тежок меч за Италија, Англија има многу одлични играчи. Но, не сум загрижен затоа што мислам дека притисокот е претежно на домашниот тим. Тие имаат повеќе да изгубат од нас затоа што играат дома и ја имаат публиката со нив. Многу е важно да се постигне првиот гол на овој натпревар и многу може да зависи од тоа што ќе се случи во почетните минути.

-Мислам дека Италија ќе победи, но нема да биде лесно против англиската одбрана и не знаете како играчите реагираат на тој ден. Во финале и на ова ниво секогаш има нерви. Тимот кој е помирен ќе го освои трофејот, јас навистина верувам во тоа, мора да се осигураме дека тоа сме ние.

-Долго чекавме на овој трофеј. Го загубив финалете на ЕП во 2012 година и тоа го знам. Значи, се надевам дека сега серијата е прекината и во недела навечер ние Италијанците ќе сме многу среќни, -порача големиот Џиџи кој во новата сезона ќе го гледаме во Парма.