Легендата на Јувентус: Сè е подготвено за славје на Англија, се плашам за финалето

Точка

09/07/2021

20:36

2.266

Големина на фонт

а а а

Пензионираниот италијански напаѓач и легенда на Јувентус, Фабрицио Раванели за весникот "Il Mattino" го најавил финалето на ЕВРО 2020, кое во недела ќе го играат Италија и Англија.

"Очекувам многу тензичен натпревар, екипите ќе се респектираат и поради тоа би можело да има малку голови, но тактичката борба сигурно ќе биде интересна", започнал Раванели.

Истакнал дека играњето во Лондон би можело да биде предност за Италија, а не за домаќинот Англија.


"Играњето на Вембли може да биде предност за нас. Имаме искусни играчи како Бонучи и Киелини, додека таквата атмосфера на Англичаните би можела да им создаде дополнителен притисок", изјавил Раванели па открил која му е единствената грижа пред финалето.

"Единствено стравувам од тоа дека веќе се е подготвено Англија да ја прослави титулата. Пеналот против Данска не постоеше, судењето беше скандалозно".