Хари Кејн не постигна ниту еден гол во групната фаза на Европското првенство и доби големи критики од јавноста, но затоа во наредните три нокаут дуели, одговори со четири постигнати гола на натпреварите против Германија, Украина и последно против Данска.
Голгетерот на Тотенхем докажа дека е клучен играч во нападот на Англија и покрај тоа што се мачеше да го пронајде вистински ритам во воведните натпревари на турнирот, во кој сепак не добиваше баш голема поддршка од јавноста кога се во прашање неговите квалитети пред противничкиот гол.
Кејн беше посебно прозван пред дербито во осминафиналето против Германија, а од тогаш до денес, постигна четири погодоци и директно влијаеше за историскиот пласман на Англија во едно финале на Европско првенство.
– Кејн беше извонреден и во групната фаза, добиваше непотребни критики и сите ги гледаа само головите. Сега, три натпревари подоцна, Кејн може да им испрати само една порака на критичарите, а таа е вулгарна. Може комотно да им каже „е..те се!“. Дури и најголемите играчи имаат подеми и падови, тој не даваше голови во групната фаза, но правеше многу за тимот.
– Сега се врати на головите и само прашање на време беше кога ќе се случи тоа. Притискот врз него беше огромен при изведениот пенал против Данска. Товарот на цела нација го носеше на себе. Не изведе добар пенал, но имаше среќа и топката се врати кај него. Финалето на Европското првенство е најголемо достигнување за Англија на еден континентален турнир. Сосема заслужено се во финалето, иако мора да се нагласи и фантастичниот напор на Данците на цел турнир и во полуфиналето. Ова е квалитетна и талентирана генерација на Англија и навистина сум задоволен што ќе играат финале, – вели Димитар Бербатов.