Овој неистражен бисер е еден од првонаселените, па таму може да видите многу интересни работи кои ги интригираат луѓето.
Стариот град кој „врие“ од млада популација се нарекува Ескишехир и е помалку познат во светската популација, но исклучителен индустриски центар во Турција.
Тоа што овој град го прави посебен е спојот на бројните необични работи. Eдна од нив е тоа што тој е најстариот град во Турција што го докажува и неговото име кое во превод значи „стар град“, а од друга страна тој е и најмладиот град поради двата Универзитети и младите луѓе кои таму ги има во голем број.
Погледнете го видеото:
Низ ова шармантнo гратче поминува реката Порсук над која се издигнуваат многубројни мостови украсени со златни структури и разнобојни цветови, па придонесуваат во убавината на градот.
Во јужниот дел од градот се наоѓа Одунпазари - историски кварт во кој се наоѓаат стари куќи во кои може да си купите сувенири.
Таму се наоѓа и етно-галеријата Емреа Мангалтепеа која рачно изработува лулиња.
Во Одунпазари се наоѓа и музејот за стакло, како и работилници кои изработуваат стаклени предмети и накит.
Тоа што остава голем впечаток, а на социјалните мрежи е вистински магнет за следбеници и допаѓања е и бајковитата глетка која ја дава Сазова паркот.
Паркот е богат со зеленило, преубави цветови, а поседува и езеро, па е вистинско уживање за луѓето кои шетаат токму таму.
Прекрасниот замок како од цртаните на „Дизни“ исто така се наоѓа во овој дел од градот, а тоа што го прави интересно е фактот што секоја од неговите девет куполи претставува одредена знаменитост.