СЗО ги предупредува државите: Бидете внимателни при ублажување на мерките

Точка

07/07/2021

20:28

1.211

Големина на фонт

а а а

Директорот на Светската здравствена организација "WHO" за вонредни ситуации Мајкл Рајан денеска ги повикал државите да бидат многу внимателни при ублажувањето на мерките воведени поради ковид-19, за да не се поништат резултатите кои се постигнале.

Рајан тоа го изјавил додека Англија, еден од домаќините на Европското фудбалско првенство, се подготвува на 19-ти јуни да ги укине повеќето рестриктивни мерки, додека другите европски земји ги укинуваат ограничувањата за патување, а индиските сојузни држави ги ублажуваат своите општи карантини и покрај растот на бројот на новозаразени со делта сојот на коронавирусот.

Рајан рекол дека секоја држава мора да одлучи за себе, но и дека поединците, вклучувајќи ги и оние кои не се вакцинирани, мора да преземат одговорност да се заштитат себеси и другите за да се сопре притисокот на болниците поради потенцијалниот нов бран на заразата.


Ирецот во Женева на прес-конференција предупредил на многу опасната претпоставка дека во Европа сега сите се заштитени и дека светот се враќа во нормала.

Британскиот премиер Борис Џонсон пред укинувањето на мерките рекол дека на поволната епидемиолошка ситуација би можело да и помогне доаѓањето на летото и училишните празници.


Рајан рекол дека верува дека британските научници се многу свесни за заканите кои ги претставуваат новите соеви, посебно делта сојот.

СЗО ги предупредил државите, меѓу нив САД и Швајцарија, наместо да ги вакцинираат децата на возраст меѓу 12 и 15 години, да ги донираат дозите вакцини на сиромашните држави преку иницијативата "Ковакс".