Саутгејт: Време е да испишеме нова историја

Дерби

07/07/2021

16:17

1.145

Големина на фонт

а а а

Предводникот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт верува дека неговите момци можат да испишат нова историја на Европските првенства.

Англија вечерва од 21 часот ја дочекува Данска во второто полуфинале на шампионатот, а со победа ќе дојде до првото финале на еден голем турнир уште од 1966 година успаа да бидат светски шампиони.

- Немаме толку добра фудбалска историја како што понекогаш сакаме да веруваме. Овие играчи прават огромни чекори. Срушивме многу бариери на овој турнир и имаме уште една шанса да го сториме тоа во среда. Никогаш не сме биле во финале на ЕП, па можеме да бидеме прва англиска селекција што тоа го направиле, тоа е навистина возбудливо, - истакна селекторот Саутгејт.

- Подготвени сме за мечот, играчите се спремни, сега имаме искуство бидејќи веќе сме биле во оваа ситуација, - дополни Герет.