Пукање во старата чаршија, повреден турски државјанин

Макфакс

24/06/2021

19:37

3.920

Големина на фонт

а а а

Синоќа, околу 23, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот турски државјанин М.Е.Е, со привремен престој во Скопје, поради сомнение дека со огнено оружје пукал кон свој сонародник.

Како што информираат од МВР, околу 22, пред угостителски објект на улицата „Казанџиска“, М.Е.Е. пукал од огнено оружје и му нанел повреди на С.Б., исто така, од Република Турција.

Триесетгодишникот бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.