(Епизода 9) „Дали сте знаеле дека“ - со Жарко Димоски: „На една претстава ми се скрши рачката од метлата и одлета кај еден господин од публика“

Точка

16/06/2021

23:28

2.251

Големина на фонт

а а а

Актер, пејач, текстописец, водител, фитнес инструктор - сите овие професии и еден човек - Жарко Димоски.

Неверојатно талентираниот, шармантен, полн со позитивна енергија, но и многу амбициозен, Димоски е нашиот овонеделен раскажувач во рубриката „Дали сте знаеле дека“.

На пошироката публика, Жаре ѝ е познат по својата примарна професија, актерството. Покрај позајмувањето на гласот во многу турски серии, Димоски најмногу може да го гледате во „Театар Комедија“.

Своите вокални и водителски способности ги истакнува во емисијата на „Џентлмен Магазин“, каде ги оживува старите добри класици од едни од најголемите џентлмени во светот на музиката.

Жарко пред неколку денови направи промоција на неговата прва книга „Пеперутка', воедно ја промовираше и новата песна и спот „Танцувај со мене“, а направи и мини концерт со кој ги разгали присутните на настанот, кој се одржа под отворено небо.

За приватниот живот на актерот малку се знае. Тој е во брак со Андреа Јосифова, а нивните љубовни фотографии често знаат да ги полнат страниците на македонските портали. Па затоа, прекрасната љубовна приказна на актерот и не е некоја 'тајна'.

Меѓутоа, во нашта рубрика (која по кратка пауза повторно може да ја следите секоја среда на нашиот портал), Жаре откри многу непознати факти за неговиот живот, а ние ги издвоивме оние најинтересните.

За време на пандемијата, Димоски меѓу останатото станал лиценциран фитнес инструктор. Вели дека готвењето му е силна страна, но никогаш не пробал суши.

Освен во Прилеп, паралелно патувал и во Хрватска, Ровињ, па за Точка открива дека добар дел од животот го изградил таму.

3 години живеел во студентски дом, првото работно искуство му било на 12 години... Со нас сподели и едно непријатно искуство од претстава, кое за среќа поминало без последици.

Жарко Димоски на денешното 'мени' на Точка ТВ.


Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk