Твитерџиите не престанаа да зборуваат за реакциите на Јелена во текот на епската борба Новак – Надал: „Ве молам, да не ја заборавиме оваа неверојатна и чудесна жена!“

Точка

12/06/2021

12:25

12.358

Големина на фонт

а а а

Синоќа цел свет, а особено Балканот му ракоплескаше на Новак Ѓоковиќ поради триумфот над големиот Рафа на Ролан Гарос.

Но, едно ракоплескање, викање „браво“ и „идемоооо“ и едно срце, на Новак сигурно му се најдраги, а сето тоа во тој натпревар произлегло од неговата прекрасна сопруга Јелена.


Во текот на натпреварот со Надал, Ноле херојски го бодреше неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ.

Камерите често ја ставале токму нејзе во кадар и ги снимале нејзините единствени реакции.

Јелена во цветно фустанче, со шешир на главата му давала голема поддршка на својот сопруг кој на терен ја оставил душата, па луѓето коментираат дека во тоа цветно фустанче таа не била „нежна“ туку моќно и фокусирано реагирала на секој потег на Ноле.

Таа викала, правела гестикулации, а на крајот од натпреварот секако дека имала широка насмевка на своето лице.

Твитерџиите веднаш ги коментирале нејзините реакции:

„Ве молам, да не ја заборавиме оваа неверојатна и чудесна жена, која секогаш е покрај Новак и го доживува и дише за секој негов поен“, е еден од коментарите.

На крајот од епската борба насмеаната Јелена со рацете покажала срце во правец кон Новак...



Спонзорирани линкови

Маркетинг