Видео: Роденден на ДУИ, Ахмети го објави големото изненадување - се обрати и на македонски јазик

Точка

05/06/2021

13:34

11.477

Големина на фонт

а а а

По усвојувањето на нормативниот дел од Охридскиот договор и неговото секојдневно спроведување, темелните реформи, членството на Македонија во НАТО и запечатувањето на европската иднина, дојде време Демократската унија за интеграција да се трансформира, рече во саботата челникот на партијата Али Ахмети во обраќањето по повод 19-годишнината од основањето на ДУИ.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска во обраќањето пред јавноста од Школката во Градскиот парк во Скопје по повод 19-годишнината од основањето на партијата се обрати и на македонски јазик и како новитет ја објави зелената агенда на партијата.

„Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден“, рече Ахмети.

Тој искористувајќи го како повод Меѓународниот ден на животната средина, порача дека дојдено е време да се прифатат политики за зелена развиена и безбедна иднина.

„Денес е ден на животната средина. Исполнет е Охридскиот договор, интеграција во НАТО, правична застапеност. Се изградија училишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот. На 19-иот роденден на ДУИ започнуваме нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ“, порача партискиот лидер.

Видеото погледете го на следниот линк.

Ахмети рече и дека ДУИ, како една од „најуспешните политички организации во историјата“ на земјатаа, се појавила „како неопходност на тоа време, како сила обврзана од граѓаните да воспостават еднаквост преку целосно спроведување на Охридскиот мировен договор“.

„Една млада девојка, Грета Тунберг, го обиколи светот со аларм за климатските промени и еколошката политика и сите и ја отворија вратата. Дојде време да ја отвориме вратата и да ги прифатиме овие политики за зелена, безбедна, развиена и здрава иднина. Ова е она што вие, младите, го барате. Младите бараат услови за живот како нивните врсници на запад, работни места како и модерна животна средина“, додаде Ахмети.