Обраќање на Ахмети по повод 19 години ДУИ, напладне ќе биде објавено големото изненадување

Макфакс

05/06/2021

11:19

1.652

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по повод 19-годишнината од основањето на партијата, за денеска напладне најави обраќање до граѓаните.

Од ДУИ најавија дека Ахмети преку социјалните мрежи ќе пренесе порака упатена до сите членови на партијата и воопшто до сите граѓани на Северна Македонија.

„Нешто убаво доаѓа“ и „Нешто големо доаѓа“ беа пораките кои деновиве ДУИ ги прати преку билборди и преку зелените маички што некои од нивните министри ги носеа. И лидерот на партијата Али Ахмети при посетата на Липково најави нешто ново.