Заев негира дека ДУИ и СДСМ одат со заеднички кандидат за градоначалник на Скопје на локалните избори

Точка

04/06/2021

15:43

1.598

Големина на фонт

а а а

СДСМ и ДУИ никогаш не разговарале за заеднички кандидат за градоначалник на Скопје за локалните избори во октомври, изјави денеска премиерот на Македонија и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

"Не, воопшто не сме разговарале за таква работа, за заеднички кандидат или за компензации или нешто слично. Станува збор за политичка платформа, перспективи, иднина", рече премиерот по настанот во Штип.

Заев додаде дека се работи за нешто што претставува модернизација за колаицискиот партнер и потенцираше дека е логично да ја остави ДУИ да зборува за тоа.

"Како што ги презентиравме нашите промени како најголем партнер во нашата коалиција што се правеа со електронската евиденција, непосредното гласање, еднаквата застапеност на жените и мажите и поголема застапеност на младите во партијата, така и ДУИ ме информираа за оваа квалитативна и убава промена. Се надевам дека ќе постигнат нови успеси, заради тоа што навистина е еден модернистички пристап што ќе очекуваме утре сите да го слушнеме", истакна Заев.