Овогодишната Galaxy S на јужнокорејскиот производител ќе добие Fan Edition верзија, а веќе се појавија и првите рендери од овој уред.
Се очекува производството на Galaxy S21 FE да започне за два месеци, а сега се познати некои детали во врска со овој телефон.
Galaxy S21 FE ќе располага со Qualcomm Snapdragon 888 процесор во комбинација со 6 GB RAM меморија, а ќе користи оперативен систем Android 11.

Инаку, станува збор за нешто послаба верзија на Galaxy S21 која ќе добие 6,4-инчен екран и пластичен панел на задната страна.
Според јужнокорејските медиуми, новиот Galaxy S21 FE ќе биде претставен заедно со Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3 во август, но исто така постои веројатност да биде претставен на посебен настан.







