„Како огромна вжештена топка“: Синоќа нешто „гореше“ на небото – од Јужна Америка до Париз

Точка

27/04/2021

15:15

3.296

Големина на фонт

а а а

Супермесечината ја „засени“ цела планета, а најдобро се забележувала во јужноамериканските престолнини.

Буенос Аирес, Сантијаго де Чиле и Каракас, престолнините во Јужна Америка, синоќа уживале во огромната Месечина.

Како огромна вжештена топка, Супермесечината високо се издигнувала над Аргентина, Венецуела и Чиле.


Додека се отсликувала во водите на реката Ла Плата во Буенос Аирес, романтичните души помислиле дека небото никогаш не било потемно.

Исклучително големата Месечина заблескала и над Каракас и планината Авила.

Јасно била видлива и не се криела зад облаците ниту во Сантијаго.


Инаку, Супермесечината е популарно име кое ѝ се дава на Месечината кога е полна и е најблиску до планетата Земја.

Поради тоа што често во медиумите погрешно се опишува како феномен, астрономите не го сакаат баш тоа име.


Според NASA, овогодишната голема Месечина е наречена и розова. Името го добила по розовиот флокс, растение кое што цвета во пролет.

Полната Месечина можела да се види и во други делови од светот - од Њујорк до Париз и другите европски градови. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг