Посебна жена на Холивуд: Одбива да се шминка и не ѝ пречи што сопругот ја запросил со прстенот од поранешната сопруга

Точка

25/04/2021

13:44

6.189

Големина на фонт

а а а

Актерката Френсис Мекдорманд ја толкува главната улога во филмот „Nomadland“ кој е номиниран во 6 категории за Оскар, па „посебната жена на Холивуд“ би можела да ја освои својата 3-та златна статуетка.

Френсис привлекува големо внимание со својот актерски талент, но и со својот приватен живот за кој во последно време сè почесто се зборува и кој е доказ дека таа не е „класична холивудска актерка“.


Имено, Мекдорманд никогаш не се шминка, па и на доделувањето на Оскарите во 2018 година се појави во природно издание и ги воодушеви сите со својот феминистичкки говор со кој ги повика сите номинирани жени да станат од своите места.

„Мерил Стрип, ако ти прва го направиш тоа, сите ќе те следат“, ѝ порача тогаш на колешката и доби громогласен аплауз. На Френсис таа вечер ѝ беше украдена златната статуетка, на забавата по доделување на наградите, но набрзо ѝ беше вратена.

Мекдорманд од 1984 година е во брак со познатиот режисер Џоел Коен, а досегашните Оскари ги добила благодарение на него бидејќи тој ја наговарал да ги прифати улогите во тие филмови. Она што е интересно е што Џоел ја запросил со прстенот на поранешната сопруга и тоа на актерката воопшто не ѝ сметало бидејќи, како што рекла и самата, многу е практична и не сака да фрла работи.


Парот во 1995 година посвои момче од Парагвај, Педро, а и самата Френсис била посвоена. Иако е родена во САД, кога имала една и пол година, нејзе ја посвоил еден канадски пар, а со својата биолошка мајка никогаш не сакала да оствари контакт.

За потсетување, Френсис се бори за Оскар во категоријата Најдобра актерка во главна улога, а филмот „Nomadland“ е номиниран во 6 категории: Најдобар филм, Најдобра актерка во главна улога, Најдобар режисер, Најдобро адаптирано сценарио, Најдобра фотографија и Најдобра монтажа.


Френсис има освоено Оскар за филмовите „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“ и „Fargo“, а досега е 6 пати номинирана за престижната награда.