(Епизода 7) „Дали сте знаеле дека“ - со Татјана Стојановска: „Додека не го испијам првото кафе не сум пожелна за комуникација“

Точка

21/04/2021

21:57

3.713

Големина на фонт

а а а

„Дали сте знаеле дека“ Татјана Стојановска е долгогодишна водителка и некогашна Мис на Македонија?

Да, знаеме дека тоа со сигурност го знаете. Но, веројатно не знаете многу детали од нејзиниот приватен живот, нешта од нејзиното секојдневие...

Татјана е препознатлива по својот неверојатен шарм, убавина, елегантност и приземност, и се разбира, по нејзината јавна професија.

Таа долги години е водител на вестите на „Канал 5“ телевизија, па многумина ја знаат само во нејзиното најпрофесионално, речиси и пресериозно издание.

Татјана во приватниот живот е обичен човек кој се соочува со секојдневни проблеми, а во нашата 7-ма епизода на „Дали сте знаеле дека“, нѝ открива работи кои јавноста помалку или воопшто не ги знае за неа.

Стојановска утрата ги започнува со кафе, а вели дека пред да го испие не е 'пожелна' за разговор.

А, што друго нѝ откри водителката во својата епизода, дознајте во видеото. Додека ги читате малку познатите факти за Татјана, во позадина ќе ја слушнете и нејзината омилена песна - безвременската „Bolero“.

ЕПИЗОДА 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски

ЕПИЗОДА 2: „Дали сте знаеле дека“ - со Бојан и Марија, директно од Лондон: „Ние сме 14 години разлика. На почетокот беше скандалозно, но потоа...“

ЕПИЗОДА 3: „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“

ЕПИЗОДА 4: „Дали сте знаеле дека“ - со Дани Димитровска: „На 8 години пелтечев, бидејќи не можев да кажам Р“

ЕПИЗОДА 5: „Дали сте знаеле дека“ - со Владо Јаневски: „Тоше во неколку наврати имаше кажано дека сум му омилен текстописец и затоа...“

ЕПИЗОДА 6: „Дали сте знаеле дека“ - со Тања Кочовска: „3 пати сум мажена и пијам апчиња за притисок, шеќер и холестерол“

Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk