Робот чистач на улици: Автономни возила ќе ја одржуваат хигиената во градот

Точка

20/04/2021

16:06

3.441

Големина на фонт

а а а

Хелсинки започна со тестирање на тивки, автономни роботи кои не ја загадуваат околината, а ги одржуваат улиците чисти без притоа да ги вознемируваат жителите.

Возилото наречено Trombia Free го започна своето тест возење на улиците на Хелсинки вчера, а тестирањето ќе заврши на 27-ми април. Trombia ќе се движи во вечерните часови на една од најфреквентните улици во градот, а во негова надлежност ќе биде и една велосипедска патека.

Директорот на Trombia Technologies, Анти Никанен изјави дека возилата се автономни, електрични и многу тивки, а може да се користат навечер кога има најмал метеж во сообраќајот.

За време на работата, роботското возило ќе го надгледува оператор, а самото возило е опремено со сензори за детектирање на препреки и пешаци.

Trombia Free е првиот електричен автономен чистач на улици кој користи околу 15% електрична енергија и мал дел на вода во споредба со традиционалните машини за чистење на улици.




Спонзорирани линкови

Маркетинг