Иднината пристигна: Мајмунот Пејџер преку имплантите на Маск сам изиграл видео игра

Точка

12/04/2021

16:21

2.425

Големина на фонт

а а а

Очигледно е дека границите се поместуваат. Можеби ние „обичните смртници“ тоа не го забележуваме, но оние кои што треба да се грижат за тоа, очигледно дека завршуваат добра работа.

Еден мајмун успеал да одигра видео игра „Pong“ со сопствениот мозок, благодарение на имплантот вграден во неговиот мозок кој што му го поставил компанијата „Neuralink“, стартапот на американскиот претприемач Илон Маск.


Мајмунот по име Пејџер завршил досега невидена работа, контолирајќи ги движењата на една ракета со помош на своите очи за да спречи топчето да падне во празниот дел од екранот.

„Мајмунот играше видео игра - телепатски, благодарение на чипот кој се наоѓа во неговиот мозок“, напишал на Твитер Маск кој што исто така е основач и на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“.

Инаку, целта на „Neuralink“ беше по пат на овој експеримент да воочи дали е можно на парализираните лица да им се овозможи директна употреба на нивната невролошка активност, поради полесно контролирање на компјутерите или пак мобилните уреди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг