Гери Олдман потполно искрено за тешката борба со пороците: „Јазикот ми беше црн, а мојата пот беше вотка“

Точка

10/04/2021

09:53

2.761

Големина на фонт

а а а

63-годишниот актер Гери Олдман во неодамнешното интервју за американскиот магазин „Лос Анџелес Тајмс“ зборувал за својата кариера, но и открил дека едно време бил функционален алкохоличар.

Легендарниот оскаровец кој за златната статуетка е номиниран и оваа година, вели дека веќе 24 години не консумира алкохол, но и дека морал 2 пати да оди на одвикнување за да се ослободи од зависноста.

Кога еднаш го прашале зошто не си заминува од сетот трезен, рекол дека неговата сопруга не би го препознала и би го исфрлила од дома како „партал“.


„Седнував и ѝ велев на келнерката да ми донесе голема чаша вотка-тоник. И дека може да ја донесе веднаш бидејќи сум алкохоличар и ми треба пијалак што поскоро“, изјавил Олдман.

„Луѓето го романсираат тоа, дури и јас го правев тоа“, продолжил тој.


„Сите мои херои биле алкохоличари или зависници од дрога, па сè ви се заматува кога ќе ги видите сите тие поети, писатели и актери…“.

Легендарниот актер признал и колку всушност пиел:

„Мојата пот беше вотка. Тоа станува дел од вас. Јазикот ми беше црн наутро. Го обвинував шампонот за тоа. Тоа не би му го посакал ниту на најголемиот непријател, бидејќи тоа е пеколот“, заклучил оскаровецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг