Според поранешниот кошаркар, Србинот е сè поблиску до "MVP" титула: "Јокиќ претходно беше занемаруван, сега е вистинско време"

Точка

09/04/2021

16:31

2.649

Големина на фонт

а а а

Како одминува сезоната во НБА лигата, Никола Јокиќ е се поголем фаворит за освојување на MVP титулата во НБА.

На таа тема разговарале и Раџа Бел и Логан Мурдок во подкастот "Real Ones". Мурдок истакнал дека Јокиќ го има "гласот на јавноста" на своја страна, како и здравјето, со оглед на тоа дека Кевин Дурент, Џејмс Харден, Леброн Џејмс и другите кандидати се моментално повредени.

Бел го анализирал Јокиќ преку импозантните бројки.

"Тоа е тешко прашање. Не го гледам Денвер секој натпревар, но со голо око гледам дека Јокиќ ги прави работите кои секогаш ги правел. Знам дека напредувал, немој да ме сфатиш погрешно. Тој веќе беше во оваа приказна претходните години, но беше занемаруван, иако секогаш ги полнеше статистичките колони", рекол Бел па се посветил на статистиката.

"Тој е во првите 15 играчи по број на поени со 26 и кусур по натпревар, 8-ми е по бројот на скокови или речиси 11 по натпревар, 5-ти по бројот на асистенции, 11-ти во шут од игра со 57 проценти и број еден во вкупна корист за својот тим во целата лига. Тоа се одлични бројки за висок играч, а одигра 51 од 51 натпревар за Денвер", рекол Бел.

Потоа го истакнал и главниот предуслов за Јокиќ да дојде до "MVP" наградата.

"Еве што е работата со Никола според мене. Повредите на другите играчи сигурно ќе му помогнат, бидејќи и Леброн и Ембид, Харден и Дурант се надвор од теренот. Јанис е уште тука, но очекувам дека ќе ја добие наградата трета година по ред. Денвер мора да продолжи да победува. Моментално имаат 33-18 и се 4-ти во западната конференција. Тоа за мене е последната компонента, не смеат да паднат пониско од тоа. Не велам дека ќе се случи, бидејќи го донесоа Ерон Гордон што сигурно ќе им помогне. Но, тоа е последната состојка во рецептот за добивање на MVP наградата за Јокиќ", објаснил Бел.

Мурдок со тоа не се согласил и истакнал дека самиот факт дека за Јокиќ како "MVP" моментално најмногу се зборува, би требало да биде доволен за да биде лауреат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг