Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора

Точка

09/04/2021

13:16

4.012

Големина на фонт

а а а

Почина принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора.

Според соопштението објавено на Твитер профилот на кралското семејство, тој починал утринава во замокот Виндзор.

Принцот Филип имаше 99 години.

За потсетување, принцот беше преместен во специјалната кардиоваскуларна болница „St Bartholomew's“ на 1-ви март, откако претходно се лекуваше во болницата „King Edward VII's“.

По речиси еден месец лекување, принцот Филип беше пуштен на домашно лекување на 16-ти март. Тоа бил неговиот најдолг престој во болница, а точната причина за неговиот прв прием не е откриена, додека Бакингемската палата соопшти дека неговата хоспитализација не е поврзана со коронавирусот.

Принцот Филип стапи во брак со принцезата Елизабета Втора во 1947 година, 5 години пред таа да стане кралица. Парот има 4 деца, 8 внуци и 10 правнуци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг