Принц Филип префрлен во друга болница: Постои сомнеж од срцеви заболувања

Точка

01/03/2021

16:41

2.306

Големина на фонт

а а а

Од Бакингемската палата очекуваат дека сопругот на кралицата Елизабета ќе остане во болница уште една недела.

Војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета, принцот Филип, со амбулантно возило е префрлен во болницата Свети Бартоломеј во Лондон на испитување и набљудување поради сомнеж од срцево заболување.

Минатите две недели принцот ги минал во болницата Крал Едвард Седми на лечење од инфекција.


Се очекува во болницата Свети Бартоломеј да мине една недела.

Веста ја потврдиле и од Бакингемската палата, откривајќи дека војводата добро реагира на лечењето.

Во текот на двонеделниот престој во болницата Крал Едвард, војводата само еднаш бил посетен од неговиот внук, принц Вилијам, поради строгите епидемиолошки мерки кои се на сила во Велика Британија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг