Дајана лично ја повикала во палатата: Принцот Вилијам бил лудо вљубен во оваа убавица која сите ја знаеме

Точка

08/04/2021

15:06

5.828

Големина на фонт

а а а

Принцезата Дајана сакала на својот син Вилијам да му исполни една голема желба, па лично ја повикала жената по која што принцот бил „луд“ додека бил тинејџер.

Супермоделот Синди Крафорд минатата година ѝ се придружила на својата колешка и пријателка Наоми Кемпбел во нејзината емисија „No filter“ на Јутјуб и тогаш открила неверојатни детали од својот живот.


Синди открила сè за својата средба со принцезата Дајана која што се одвивала во Лондон.

„Бев шокирана што сум во Кенсингтонската палата и што имав можност да се запознаам со принцезата Дајана и да видам колку жената е приземна и нормална“, открила Синди.

Таа признала дека била воодушевена од нејзината скромност, па додала:

„Ја обожував принцезата Дајана, баш ја обожував“.

Исто така Крафорд признала дека многу ја изненадил повикот од принцезата во кој што ѝ рекла дека сака да појде на посета кај нив.


„Беше толку љубезна и лично ми се јави во мојата канцеларија, велејќи: 'Добар ден, тука принцезата Дајана', а мојата асистентка која што се јавуваше на телефон не можеше да верува дека тоа е вистина, но беше“, се присетила оваа 54-годишна жена.

Во разговорот таа спомнала дека оваа средба ѝ останала исклучително драг спомен, а дека принцезата се трудела таа да се чувствува како дома.

Како воопшто дошло до тоа?

За тоа е заслужен принцот Вилијам кој во тоа време додека бил тинејџер бил лудо заљубен во Синди Крафорд. Поради тоа што многу сакал да ја запознае, мајка му му помогнала во тоа.


Притисокот поради тоа што ќе се запознае со најстариот син на Дајана го чувствувала и самата Синди, но поради друга причина.

Имено, нејзе пред средбата ја мачело што ќе облече, поради тоа што не сакала да изгледа „старомодно“ и да го разочара младиот принц, а од друга страна знаела дека мора да го почитува нивниот протокол доколку сака повторно да ја повикаат.

На крајот одлучила да носи мал црн фустан - класика!



Спонзорирани линкови

Маркетинг