Џиновски гуштер влегол во супермаркет на Тајланд и почнал да уништува сè пред себе

Точка

08/04/2021

12:57

4.780

Големина на фонт

а а а

Една стравична сцена се одвивала во супермаркетот „7 Eleven“ на Тајланд, каде џиновски гуштер одлучил да направи пустош, буткајќи ги производите од полиците.

„Џиновски гуштер уништува супермаркет“ - иао ова звучи како наслов за некој научнофантастичен филм, во овој конкретен случај тоа е всушност описот за неочекуваниот настан кој неодамна се случил на Тајланд.

Со оглед дека неодамна излезе филмот „Godzilla vs. Kong“, можеби ќе си помислте дека е само приказна за промоција. За среќа постојат снимки кои го докажуваат тоа.

Споделено од страна на тајландската туристичка агенција „Mundo Nomada“, видеото прикажува како азискиот гуштер конечно одмара на горната полица од супермаркетот и ја набљудува околината.

Овие гуштери неретко живеат во канали во големите градови во Тајланд, а се хранат со риби, змии, жаби и остатоци од храна од луѓе. Тие се агресивни кога чувствуваат закана, а нивното каснување може да предизвика сериозни инфекции поради бактериите што се пренесуваат.

Видеото објавено на Фејсбук е прегледано над 600.000 пати, а има илјада коментари на збунети корисници на оваа социјална мрежа.

Еден корисник наТвитер се пошегувал дека гуштерот се качувал по полиците бидејќи едноставно не можел да го дофати производот кој сакал да го земе.

„Требало само да почека и да замоли некој од вработените да го дофати производот кој му треба од високата полица“.