(Епизода 5) „Дали сте знаеле дека“ - со Владо Јаневски: „Тоше во неколку наврати имаше кажано дека сум му омилен текстописец и затоа...“

Точка

09/04/2021

10:54

3.161

Големина на фонт

а а а

Познати музичари, пејачи, актери, водители, спортисти - веќе ви е добро познато кого сè може да видите во оваа рубрика.

Епизода 5, и интересни факти за животот и кариерата на пејачот Владо Јаневски.

Владо детството го поминал во Центар, иако општото мислење е дека е стар Чаирчанец, поради легендарната макфестовска „Чаирска романтика“.

Дали сте знаеле дека Владо во тинејџерските денови се занимавал со спорт, односно дека тренирал фудбал?

„Поради повреда морав да паузирам неколку месеци и тогаш почнав интензивно да слушам музика. Никогаш веќе не продолжив со спорт, туку...“.

Владо веќе 20 години не отишол на одмор, поради интензивните летни настапи и концерти, но нѝ открива со што го компензира тоа.

А, дали сте ја знаеле приказната за настанувањето на песната „Од овој ден“?

Доколку сте обожавател на Владо Јаневски и ве интересираат детали од неговиот живот, одвојте 3 минути за да ја погледнете 5-та епизода на „Дали сте знаеле дека“.

ЕПИЗОДА 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски

ЕПИЗОДА 2: „Дали сте знаеле дека“ - со Бојан и Марија, директно од Лондон: „Ние сме 14 години разлика. На почетокот беше скандалозно, но потоа...“

ЕПИЗОДА 3: „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“

ЕПИЗОДА 4: „Дали сте знаеле дека“ - со Дани Димитровска: „На 8 години пелтечев, бидејќи не можев да кажам Р“

Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk