Дали сакаш да патуваш во Кан? Приклучи се на европскиот филмски предизвик

Точка

07/04/2021

14:28

1.824

Големина на фонт

а а а

Иновативната дигитална платформа European Film Challenge, на сите љубители на европскиот филм им нуди уникатна можност да бидат дел од спектакуларниот Кански Филмски Фестивал.

Секој кој сака да учествува и да стане потенцијален добитник, треба во временски период од 10 недели, да изгледа 10 европски филмови на репертоарот на телевизија или на некоја од легалните видео – стриминг платформи. Учесникот со најмногу освоени поени ќе отпатува на Канскиот Филмски Фестивал 2021.

Со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/mk/ и со гледање на европски филмови учесниците стануваат дел од оваа приказна и добиваат прекрасна можност да зачекорат на црвениот тепих во Кан. Учесниците своето искуство треба да го споделат на социјалните мрежи со фотографија како гледаат филм, под хаштагот #EuropeanFilmChallenge.


Во случај овој фестивал да биде откажан поради ситуацијата со вирусот Ковид-19 или доколку постојат рестрикции за патување победникот ќе добие Home Cinema Experience пакет.

Проектот го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21, со поддршка од програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската Филмска Индустрија.

Ќе играме? #EuropeanFilmChallenge



Спонзорирани линкови

Маркетинг