Роверот на Марс направил фасцинантна фотографија која ги збуни луѓето – NASA веднаш даде објаснување

Точка

07/04/2021

13:44

3.144

Големина на фонт

а а а

Роверот на NASA - „Perservance“ влезе во историјата на човештвото поради тоа што слета на планетата Марс и испрати неверојатни фотографии од површината на оваа планета.

NASA исто така неодамна објави нови фотографии кои што на прв поглед ги изненадија корисниците на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: NASA ќе ја истражува последната снимка од Црвената планета – мистериозната карпа ги збуни научниците

Имено, на една од фотографиите испратени од Марс може да се забележи нешто кое што изгледа како виножито.

Меѓутоа, во описот на фотографијата на официјалниот Твитер профил на NASA, научниците објаснуваат за што станува збор:

„Многумина се прашуваа: Дали ова е виножито на Марс? Не, таму појавата на виножито не е возможна. Тоа настанува кога доаѓа до прекшување на светлината од Сонцето од капките дожд, но таму нема доволно вода за кондензација, а премногу е ладно за водата да биде во течна состојба. Станува збор за лак кој што настанал од одблесокот на леќите на роверот“, стои во објаснувањето на NASA.




Спонзорирани линкови

Маркетинг