Неверојатно откритие: Милиони долари поминале децении во контејнер...

Точка

02/04/2021

18:36

6.037

Големина на фонт

а а а

На YouTube деновиве се појави прилично интересно видео – авторот посети едно домаќинство во Калифорнија за да прегледа колекција на стари мотоцикли, но најде нешто сосема неочекувано и скапоцено.

Имено, наместо во контејнерот да пронајдат некој стар мотоцикл, тие открија црвен Porsche 550 Spyder од 1955-та година кој во товарниот контејнер поминал дури 35 години.

За пронаоѓањето на реткиот автомобил е заслужен Роберт Грин кој е познат по својата колекција на ретки мотоцикли, а во потрага по нови примероци ја посети јужна Калифорнија каде што планирал да погледне неколку олдтајмери на две тркала. По пристигнувањето на имотот, вниманието на Грин го привлекло стариот контејнер во кој се криел скапоцениот автомобил.


Спортскиот примерок со две седишта го носи редниот број 69, а германската компанија произвела само 90 вакви примероци. Првиот сопственик на пронајдениот примерок бил човек од Хаваи кој го користел 550 Spyder за аматерско тркање. Потоа реткиот модел на Porsche бил продаден во 1963-та година за 2 илјади долари на Лес Гунерсон кој целосно го реставрирал моделот во 80-тите години од минатиот век.


После одредено време, сопственикот се заинтересирал за колекционерските примероци на мотоцикли, па така го сокрил овој автомобил во еден од товарните контејнери. И покрај големиот временски период, автомобилот останал во одлична состојба и не може да се најдат траги на корозија.

Овој автомобил располага со 1,5-литарски мотор кој испорачува 135 коњски сили. Силата на моторот на задните тркала ја пренесува петстепенски рачен менувач, а највисоката брзина која Porsche 550 Spyder може да ја развие е 220 километри на час што е импресивна брзина за тоа време.


Роберт Грин смета дека ова откритие е во ранг на „откритијата на векот“, а како што вели, автомобилот веќе го добил својот сопственик. Иако колекционерот не сакаше да ја открие купопродажната цена, општо е познато дека ваквите примероци достигнуваат вртоглаава цена која достигнува и до неколку милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг