(Епизода 4) „Дали сте знаеле дека“ - со Дани Димитровска: „На 8 години пелтечев, бидејќи не можев да кажам Р“

Точка

31/03/2021

22:36

3.043

Големина на фонт

а а а

Епизода 4 на „Дали сте знаеле дека“ и веројатно веќе знаете што значи тоа - малку познати факти за уште една јавна личност од домашната сцена.

Дани Димитровска е овонеделниот раскажувач во нашата нова рубрика.

Пејачката ретко зборува за својот приватен живот, но овојпат, на наше огромно задоволство, откри 10 не толку познати работи од нејзината приватност.

Дани е авантуристички лик, човек со голема страст кон екстремните спортови. Сака скијање и бордање, а обожава и мотори. Некогаш тие биле нејзино превозно средство, а во моментов ѝ се само страст, на која веруваме дека повторно ќе ѝ се посвети.

На 20 години хоби ѝ било јавање коњи, но после повреда од истото, престанала. Дани вели дека љубовта кон коњите постојано е присутна и засекогаш ќе остане така.

Интересно, а и нешто што не смее да остане незабележано е нејзината посветеност на децата со родени со состојби. Па така, пејачката нѝ открива дека редовно го посетува објектот во Капиштец каде што престојуваат децата со церебрална парализа.

„Таа релација е единствена и чиста... за која не се потребни зборови при комуникација“, открива Дани.

Димитровска има специфичен и истовремено уникатен изговор на самогласката Р, а за Точка вели дека на 8 години пелтечела поради неможноста да ја изговори истата.

„Родителите ме уверија дека моето Р е уникатно и во ред е така да остане. Моето Р сè уште е непроменето во својата различност“, признава пејачката.

10-те интересни работи за приватниот живот на пејачката Дани Димитровска дознајте ги во видеото.

ЕПИЗОДА 1: Епизода 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски

ЕПИЗОДА 2: „Дали сте знаеле дека“ - со Бојан и Марија, директно од Лондон: „Ние сме 14 години разлика. На почетокот беше скандалозно, но потоа...“

ЕПИЗОДА 3: „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“

Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненеад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk