Германската компанија очигледно се насочува кон електризација на своите модели, а прв чекор кон тоа е напреден развој на хибридните возила.
Мнгоумина сметаат дека Plug-In Hybrid возилата се еден вид на „меѓучекор“ кон целосна електрификација, но иако имаат бројни предности, една од најголемите замерки е малиот капацитет на батеријата.
Најголемиот дел од модерните Plug-In Hybrid „на хартија“ имаат домет од околу 50 километри, а Mercedes планира дометот барем двојно да го зголеми за своите идни хибриди.
Бројката од 100 километри очигледно за производителот од Штутгарт е „магична“ бројка, а еден од шефовите на германскиот гигант, Маркус Шефер потврди дека компанијата размислува во таа насока.
„Со 100 километри домет во електричен режим започнува забавата, затоа што тогаш автомобилот може да се употребува на дневно ниво речиси без никакви емисии на штетни гасови“, изјави Шефер.
Тој додаде дека во иднина, Mercedes нема да нуди Plug-In Hybrid возила кои ќе имаат помала автономија од споменатата.